Поддршка за хардвер
Благодарение на нашето искуство во сервисирање на компјутерски системи, мрежи, уреди за складирање и периферни уреди, ние сме вашиот избор кога станува збор за поддршка на софтвер.
Axians обезбедува сеопфатна поддршка на претпријатијата од сите големини и окружувања од сите видови, вклучувајќи desktops, клиенти / сервери, принтерски и мобилни уреди низ целата земја.
- Основна хардверска гаранција
- Одговор нареден работен ден во тек на работно време
- Надградба на гаранцијата на хардверот со гарантирано време на одговор во рок од 4 часа
- Продолжено покривање до 7 дена во неделата, 24 часа на ден
- Основно одржување на хардвер (по гарантните услуги)
- Напредна поддршка со гарантирано време на одговор во рок од 2 часа
- Гарантирано време за поправка, наменски резервни делови, посветен менаџер за клиентот
Поддршка на софтвер
Достапноста на системите и софтверот е од клучно значење за персоналот на нашите клиенти и за носителите на одлуки во IT секторот. Желбата да се зголеми достапноста на системите и апликациите, а истовремено да се намалат индивидуалните застои, резултираат во подобрени системи за автоматизирана поддршка. Сепак, секогаш ќе има потреба од човечки интерфејс кога системите и процедурите нема да функционираат. Навремениот пристап до вашите податоци е од суштинско значење за водење на вашиот бизнис. Со внатрешните и надворешните напади од вируси и други предизвици од апликациите, за клиентот преставува постојан напор да ја одржи достапноста на системите со голема побарувачка.
- Телефонска поддршка за оперативните системи
- Поддршка за оперативните системи на терен
- Претплати за лиценци за софтвер
- Инсталации на софтвер на терен
- Ажурирање на софтвер на терен
Авторизиран сервисен центар (HPE & HPI)
Axians е авторизиран сервисен центар за HP (HPE & HPI). Axians е тим од професионалци со долгогодишно искуство кои обезбедуваат непречено функционирање на вашиот комплексен IT систем, како во однос на неговите деловни, така и на техничките аспекти. Овозможуваме 24/7 поддршка за бизниси, претпријатија и IT корисници.
-
Enterprise servers and devices
-
Storage systems
-
Data protection and archiving
-
Business continuity
-
Monitoring, management and automation
-
Private cloud